Францускиот амбасадор Тимоние во посета на ВЕЧЕР

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, на негово барање, вчера ја посети Редакција ВЕЧЕР. На средбата со главниот и одговорен уредник на весникот Весна МИЌИЌ БОЖИНОВСКА, амбасадорот се запозна со работењето на еден од најстарите весници во Македонија, а беа разменети и мислења за повеќе актуелни теми, пред се за состојбата во медиумскиот простор во земјава, слободата на медиумите, политичката состојба и актуелната изборна кампања.

Во однос на актуелната политичка состојба, амбасадорот, потенцира дека Франција е голем пријател и поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон евроинтеграцијата и со препознатлив француски шарм рече: Македонија да ја немаше, ќе требаше да се измисли. Сега кога ја имаме, треба да ја чуваме.

Амбасадорот Тимоние изрази поддршка на новиот уредувачки тим на ВЕЧЕР, со особен акцент на печатениот медиум со оглед на кризата во која се наоѓаат весниците не само во Македонија туку и во регионот и воопшто во светот.

Инаку, деновиве, Редакцијата ВЕЧЕР ја посети и тимот на набљудувачката мисија на ОБСЕ /ОДИХР , кои исто така изразија желба да се запознаат со новиот уредувачки тим и дадоа поддршка на нашиот медиум за натамошно професионално и објективно информирање.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари