Француски турист се загубил на Пелистер, спасувачите од крштевка тргнале да го бараат

Француски турист денес се загубил на Пелистер, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК од извори на спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување. Четворицата спасувачи кои се вклучени во акцијата, инаку сите членови на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер" од Битола, вечерва го пребаруваат теренот околу Мало Езеро на Пелистер.

Тие морале да ја напуштат крштевката на ќерката на еден од спасувачите за да тргнат во потрага по загубениот странец. Потрагата продолжува понатаму.

Поврзани

Најнови вести

Коментари