logo
logo
logo

Фраер од Скудриње си присвоил државно земјиште и го заградил со бетонски ѕид

Vecer | 26.05.2021

Фраер од Скудриње си присвоил државно земјиште и го заградил со бетонски ѕид

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против жител на реканското село Скудриње за кривично дело „узурпација на недвижност“, согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, обвинетиот 45-годишник, на местото викано Осој во атарот на селото Скудриње, во близина на регионалниот пат од Ростуше кон Дебар, зазел во владение земјиште во сопственост на Република Северна Македонија со површина од 2.176 квадратни метри.

-На наведената катастарска парцела, без одобрение за градење, земјиштето го преградил од двете страни со бетонски ѕид со висина од три метри и дебелина од 40 сантиметри, соопшти ОЈО.​​

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk