logo
logo
logo

Фрчкоски амбасадор во ООН и, веданш скандал! ИСЧЕЗНА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Vecer | 07.06.2022

Фрчкоски амбасадор во ООН и, веданш скандал! ИСЧЕЗНА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Индикатори за бришење на македонскиот идентитет сe пофреквентно „испливуваат на површина“, а потврда за тоа е најновата интерна одлука во Секретаријатот на Обединетите нации, со која на службите во Секретаријатот им се наложува наместо терминот „македонски јазик“, да го употребуваат терминот „јазикот на Република Cеверна Македонија (РСМ)“.

Неименувани извори за „Нова Македонија“ од ОН алармираат дека во инструкцијата до службите на Секретаријатот се вели дека мора да се „избегнува“ терминот „македонски јазик“, во согласност со општиот став дека терминот „Македонија“ и сите деривати од овој термин не смеат да се употребуваат.

Истите извори наведуваат дека без оглед што на официјалната страница на ОН сè уште пишува „македонски јазик“, во тек е постепено елиминирање на сите деривати произлезени од терминот „Македонија“, вклучувајќи и на јазикот, без оглед што тој во ОН како таков е признаен многу одамна.

Понатаму се додава дека од оваа година категоријата „македонски јазик“ ќе се користи за „антички македонски јазик“, за што веќе Грците прават напори да ги убедат ОН дека станува збор за дијалект на античкиот грчки јазик.

Истиот извор појаснува дека во ООН постои забрана (таканаречена – „BAN“) за зборот „Македонија“ и сите изведени деривати од овој термин (македонски/ска/ско), што од претходниот месец важи и за јазикот.

Универзитетскиот професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев, тврди дека тоа се јасни сигнали и индиции во еден процес за деноминирање на македонскиот идентитет, а во таа насока ја гледа и интерната одлука во ОН да се избегнува терминот „македонски јазик“.

– Oва е интерна директива. Доколку македонската мисија во ОН работеше како што треба, сега сето ова ќе излезеше во јавноста. Се работи за нови правила при постапување на лица вработени во Секретаријатот на ОН. Според овие насоки, „македонски јазик“ не треба повеќе да се користи – вели професорот Јанев.

„Нова Македонија“ по трагата на оваа информација се обиде да добие одговор и од македонското Министерство за надворешни работи, како и од Обединетите нации, но по повеќе од една недела ниту една институција не се јави да ги потврди или да ги негира ваквите наводи, стои во текстот

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk