logo
logo
logo

ФОТО| Млад возач усмрти девојка кај Сити Мол

Vecer | 20.01.2022

ФОТО| Млад возач усмрти девојка кај Сити Мол

Министерството за внатрешни работи потврди дека 24-годишна девојка во четвртокот вечерта загина во сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар Сити Мол во Скопје.

„Вечерва во сообраќајна несреќа починала женско лице откако во неа удрило возило управувано од Ј.Ѓ. (22)“, велат од МВР за Прес24.

Претходно порталот А1он објави дека девојката поминувала улица на пешачки премин кога автомобил марка „тојота“ ја прегазила и фрлила неколку метри со што таа се здобила со смртоносни повреди.

Неофицијално, автомобилот кој ја прегазил претекнувал друг автомобил, кој застанал на пешачкиот премин. Полицијата е на терен врши увид на местото на несреќата.

фото: a1on.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk