logo
logo
logo

ФОТО: Како се создаде кратер длабок 20 метри на патот пред Дебар

Vecer | 16.10.2021

ФОТО: Како се создаде кратер длабок 20 метри на патот пред Дебар

Кратер се направи на патот Дебар-Маврово во близина на Мелничкиот мост. Според Деар Лимановски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта пропадната дупка на коловозот е со длабочина од 20 и широчина од 5 метри, пренесува Телма.

По 4-часовна забрана за сообраќај, работниците за одржување на патиштата успеаја да го оспособат патот за еднонасочен сообраќај.

За санација ќе се користи песок и крупен камен за да се пополни длабокиот кратер.

Работниците кои интервенираат ја сликаа и снимаа длабоката дупка по првата успешна интервенција за пуштање на сообраќајот.

Најверојатно, кратерот се појавил со пропаѓање на почвата и асфалтот затоа што под патот водата од цевката (која се гледа на фотографијата) ја поткопувала подлогата. Изминатите десетина дена беа проследени со повеќе врнежи.

До пладне сообраќајот се одвиваше преку Струга, а во надминувањето на проблемите беа ангажирани и полицајци од Дебар.

-Од 12:00 часот, сообраќајот на регионалниот пат 1202 Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти Хотел „Дебарски Бањи“, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента, е последната известува АМСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk