logo
logo
logo

ФОТО: „Голф“ падна од мост на реката Вардар- во возилото најверојатно имало патници, ангажирани се нуркачки екипи

Vecer | 27.09.2022

ФОТО: „Голф“ падна од мост на реката Вардар- во возилото најверојатно имало патници, ангажирани се нуркачки екипи

Преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи добиен е повик-пријава од Соообраќајна полиција од Тетово во која се наведува дека кола Голф 4 со Кумановски регистерски таблици двиќејки се на патниот правец с. Желино кон Тетово, паднала од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на река Вардар. Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало. Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС. МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес. Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници. Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага, информираат од Центарот за управување со кризи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk