logo
logo
logo

Фокус: Близок РОДНИНА НА АРСОВСКА со турски понудувач за проектот од 137 МИЛИОНИ ЕВРА

Vecer | 22.09.2022

Фокус: Близок РОДНИНА НА АРСОВСКА со турски понудувач за проектот од 137 МИЛИОНИ ЕВРА

Скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра.

Неделникот Фокус во текстот насловен „Милинаски тендер“н открива скандалозни информации за контакти меѓу човек близок на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и турскиот учесник на тендерот за пречистителна станица за главниот град.

Според медиумот близок роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“.

Дали блискиот роднина на Арсовска е нејзиниот татко кој од медиумите е споменуван како учесник во бизнис активности или се работи за некој друг нејзин близок роднина, Фокус не открива во електронската најава за печатеното издание на весникот.

Доколку се потврди дека близок роднина на Арсовска преговарал со турската фирма тоа ќе значи прекршување на тендерската постапка која се води од две европски банки кои го финансираат тендерот.

Ако Арсовска знаела за контактите таа ги прекршила строгите правила на тендерот.

Арсовска предходно пред јавноста не даде одговор на прашањето кој е турскиот бизнисмен кој беше споменат на седницата на Советот на град Скопје кога се случи прекинот на соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката која победи со помош на најголемата македонска партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk