logo
logo
logo

Фирмите од Прилеп и Битола останаа БЕЗ ДОЗВОЛИ за одгледување на канабис за медицински цели

Vecer | 27.05.2021

Фирмите од Прилеп и Битола останаа БЕЗ ДОЗВОЛИ за одгледување на канабис за медицински цели

Фирмите  Пхарма ЕУ ЛЛЦ, едната во Прилеп и другата во Битола, останаа без решенијата за одобрување за одгледување на канабис за медицински цели откако истите беа укинати на вчерашната владина седница. Во соопштението не се откриваат детали за одземањето на лиценците, но ова се случува еден месец по полициската акција во која на 10 април на патниот правец Прилеп – Росоман беa запленети 200 килограми марихуана, во вредност од над 800.000 евра, а беа уапсени шестмина меѓу кои и командирот на полициската станица во Прилеп.

Тогаш се тврдеше дека сите се вклучени во нелегални дејства и соработка со фирми за производство на медицински канабис од Прилеп и Битола. Првичните претпоставки беа дека марихуaната била земена од овие две фабрики и требало да биде прошверцувана и продадена во селото Радобил, а потоа да заврши на нарко пазарот во Грција.

„На предлог на Министерството за здравство ги разгледа и усвои Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги „ПХАРМА ЕУ ЛЛЦ“, увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „ПХАРМА ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп, како и Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на коноп за медицински цели на Друштво за производство, трговија и услуги „МЕДИЦАЛ 420“, увоз-извоз, ДОО Битола, стои во известувањето од Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk