logo
logo
logo

Владимир Нелоски

Фирмата што ја набавува скалата на Шилегов, НАБАВУВА СПОРТСКА ОПРЕМА за министерството на Шекеринска

Vecer | 08.05.2021

Фирмата што ја набавува скалата на Шилегов, НАБАВУВА СПОРТСКА ОПРЕМА за министерството на Шекеринска

Додека ние објавуваме скандал со набавка на противпожарна скала од 1.7 милиони евра, двојно повеќе од таа во Загреб, замислете зетот на секретарот на Шилегов не стои ни минута во место, договорил и добил нов тендер од Радмила Шеќеринска, вели Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција.

Тој додава дека Шилегов во Град Скопје направил одлична крими шема за да се сработи набавката на противпожарната скала.

- Таткото на советничката од СДСМ, Михаела Иванова ја правел спецификацијата за набавка и го правел тендерот и тендерската документација за овој тендер од 1.7 милиони евра, ќерка му Михаела Иванова гласала на Советот, мрзеливиот апаш Шилегов потпишува, се разбира на крајот од денот зетот на секретарот на Градот Скопје преку фирмата „Армор плус“ ДОО набавува, истакна Нелоски.

Тој посочи дека додека јавното обвинителство спие за овој предмет и се прави недоветно, се занимава единствено со заташкување на криминалот на власта, токму затоа ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе поднесе кривична пријава за оваа јавна набавка, каде јасно се гледа дека се работи за крими шема и има основан сомнеж за тежок криминал.

- Кривичната пријава ќе ги опфати сите сегменти на основан сомнеж за криминал, од едноставна причина што јавното обвинителство сеуште спие и ја штити власта. Замислете, скопјани вријат за овој криминал што го гледаат, фирмата на зетот на секретарот на Шилегов добил уште еден тендер од Радмила Шеќеринска. Министерството за одбрана извршило набавка на приближно милион евра за спортска опрема од фирмата АРМОР ПЛУС, потенцира Нелоски.

Нелоски нагласи дека со самиот сомнеж за оваа фирма за набавката на противпожарната скала, каде има основан сомнеж за криминал, секоја друга набавка која се случила треба да биде под сериозна ревизија, а такви набавки има многу, во вкупна вредност од над 4 милиони евра за 4 години. Некој сериозно се обогатил.

- Дрскоста на Шеќеринска и Шилегов, фирмата АРМОР ПЛУС е само показател дека се одлепени од земја цело СДСМ, цела Влада и мислат дека државните пари се нивни пари. Впрочем никогаш и не било поинаку кога биле СДСМ на власт, заврши Нелоски

https://youtu.be/J1A9CH8926k

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk