logo
logo
logo

"Financial Times": Исфрустрирано од Брисел, балканското трио формира "Мини-Шенген" зона

Vecer | 29.07.2021

"Financial Times": Исфрустрирано од Брисел, балканското трио формира "Мини-Шенген" зона

Лидерите на Македонија, Србија и Албанија го критикуваа Брисел поради бавното проширување на Европската Унија и ветија дека ќе продолжат со својата сопствена патна и деловна зона без граници.

Александар Вучиќ изјави дека "државите се уморни" од проширувањето на ЕУ, и додаде дека "земјите треба да видат што можат да направат за себе и за своите народи".

Македонскиот премиер Зоран Заев изрази фрустрација што "ЕУ не ги исполнува своите ветувања" и додаде дека "треба да се забрзаат практичните придобивки за граѓаните".

Еди Рама, премиерот на Албанија, работата со Брисел ја претстави со претставата "Чекајќи го Годо", во која двајца мажи честопати водат апсурдни разговори и чекаат доаѓање на некој што никогаш не доаѓа.

Балканската "Мини-Шенген" зона официјално ќе биде претставена утре. Ќе вклучува олеснување на ограничувањата за патување, побрзи ленти на границите, намалено време за чекање на товар и лесен пристап до работни дозволи.

Британскиот весник "Financial Times" наведува дека оваа зона ќе се прошири до крајот на оваа година, односно ќе се вклучат и Црна Гора и Босна и Херцеговина, но и Косово.

Вучиќ изјавил дека Балканот повеќе не може да чека на Европската унија да го обедини.

"Financial Times" наведува дека Вучиќ на власт во Србија дошол на про-ЕУ платформа, но дека и тој како и неговите колеги, кон блокот гледа со зголемена фрустрација.

"Целта на мини-шенген зоната е да се промени наративот во регионот, да се намалат етничките тензии, да доаѓаат поголеми инвестиции Запад. Кога луѓето имаат поголеми плати, тие ќе размислуваат за подобри животи, а не за сенки од минатото", рекол Вучиќ.

"Македонија на чело со Заев го смени името почитувајќи ја чувствителноста на Грција. Но, тој вели дека Брисел го разочара регионот. Македонија беше примена во НАТО минатата година, но ЕУ допрва треба да ги отвори пристапните преговори со земјата", пишува британскиот весник.

"Конечната цел е да бидеме дел од ЕУ. Но, додека ЕУ не одлучи, треба да најдеме начини да го продолжиме процесот на европеизација", вели Заев.

"Financial Times" потсетува дека Македонија пред портите на ЕУ чека 18 години, Србија девет и Албанија седум, и дека привлечноста на другите потенцијални партнери расте.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk