Тетовец на 47 години бил приведен синоќа околу 22 часот затоа што претходно во денот е пријавен дека удрил со возило во жител на Порој. Полицајците го нашле и привеле Ш.Е (47) на улицата „105“ во Тетово.

-Околу 15 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово со Ш.Е (47) со неговото возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, според пријавеното, го удрил 44-годишниот Б.М. од тетовски Порој. На удирањето му претходела нивна меѓусебна расправија околу возилото на Б.М., а кое поради дефект било оставено на коловоз и му го попречувало движењето на Ш.Е., информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата привремено го одзела возилото на тетовецот и работи на расчистување и документирање на случајот.