logo
logo
logo

Филипче: Здравствениот систем пред најголем предизвик, почитувајте ги мерките

Vecer | 27.03.2021

Филипче: Здравствениот систем пред најголем предизвик, почитувајте ги мерките

Моменталната состојба со капацитетите во клиниките и ГОБ 8 Септември, состојбата на пациентите и ротациите на медицинскиот персонал беа прашањата за кои разговараа министерот за здравство Венко Филипче денеска и докторите од ковид-центрите во Скопје на денешната координација.

„И покрај зголемениот број на хоспитализации, се отвораат дополнителни капацитети за згрижување на ковид пациенти. Здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик до сега, состојбата во болниците е алармантна, но и покрај тоа со секојдневни напори се оспособуваат нови оддели за хоспитализација на ковид пациенти. Во исто време болниците се отворени и за болни кои имаат итни здравствени проблеми и им е потребна брза лекарска интервенција, за хронични пациенти чија состојба се влошила, за прегледи на болни кои мораат да ја контролираат редовно здрвствената состојба. Вработените во болниците дават натчовечки напори за да ги згрижат сите пациенти. Здравствениот систем го работи она што никогаш не го работел до сега, соочен со напливот на пациенти со тешка клиничка слика, болни кои имаат потреба од лекарска помош чиј број од час во час се зголемува. Министерот за здравство, заедно со директорите на болниците, лекарите и медицинскиот персонал, прават сѐ што е во нивна моќ за пацинетите да добијат најдобра можна нега“, било кажано на средбата.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани, да бидат исклучително одговорни овој период, бидејќи штитејќи се себе си го штитат и здравјето на другите. Исто така од Министерството апелираат граѓаните, посебно младите да не се групираат, задолжително сите граѓани да ги почитуваат јавно здравствени мерки - носење на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk