logo
logo
logo

Филипче замижа за сканадлот Веаповска, ја сокри вината на лекарот и здравството

Vecer | 29.05.2021

Филипче замижа за сканадлот Веаповска, ја сокри вината на лекарот и здравството

Одлуката на Комисијата на Филипче за случајот со родилката Веаповска е показател за упропастениот здравствен систем. Патем оваа одлука во која се утврдува дека единствена грешка во овој случај е запишувањето на полот на роденото дете, а не фактот што родилката после царскиот рез останала без јајник, матка и бубрег, е уште еден показател дека институците сакаат да забошотат трагичен случај на една родилка, за да го заштитат помоќниот, се вели во објавата на ВМРО ДПМНЕ.

Срамота. Оваа нечовечка одлука на Комисијата на Филипче очигледно имала политичка задача да го заташка случајот.

Патем да биде состојбата уште пострашна за истата болница, за истото одделение и за истиот лекар се врзуваат и други трагични случаи за кои нема никаква разрешница. Затоа и ВМРО-ДПМНЕ и јавноста се повеќе се уверува дека институциите и Филипче преку бирократски процедури сакаат да заштитат очигледно кривично дело на сметка на оштетените пациенти и нивното здравје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk