logo
logo
logo

Филипче: Викендов ќе се ослободат неколку одделенија кои сега се ковид-центри

Vecer | 23.04.2021

Филипче: Викендов ќе се ослободат неколку одделенија кои сега се ковид-центри


Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека значајно е намален бројот на прегледи и притисокот за прием на пациенти во сите ковид-центри низ државата.

Епидемиолошката ситуација стивнува, а во текот на викендот одредени одделенија коишто беа адаптирани за прием на ковид-пациенти ќе бидат ослободени, односно ќе се вратат во регуларната рутина, подготвени за прием на пациенти.

„Во однос на епидемиолошката ситуација, во однос на капацитетите на болниците, се бележат трендови на опаѓање на бројот на новодијагностицирани случаи, нешто што е многу значајно. Се намалува бројот на прегледи во сите ковид-центри во сите градови, значајно намален е притисокот за прием на пациенти во болничките установи, има голем број слободни болнички кревети, а ние во рамките на таа прераспределба од денес, односно викендов ќе почнеме и со ослободување на дел од одделенијата коишто беа ангажирани дополнително во овој период да третираат ковид-пациенти“, изјави Филипче.

Тој изрази уверување дека овие трендови ќе продолжат, а на почетокот од следната недела ќе стане збор и за типот на рестриктивни мерки што ќе бидат предложени.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk