logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ: Вакцинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрнеме нашите блиски (ВИДЕО)

Vecer | 22.05.2021

ФИЛИПЧЕ: Вакцинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрнеме нашите блиски (ВИДЕО)

Министерот Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави видео со кое ги повикува граѓаните да се вакцинираат.

„Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ние ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата. По три силни брана вирусот конечно стивнува, сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот – вакцината“, порача министерот за здравтсво Венко Филипче.

Колку побрзо и повеќе граѓаните се вакцинираат толку побрзо ќе ги прославуваме поводите за радост, родендените на саканите и свадбите на блиските. Вакцинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрнеме нашите блиски, роднини, баби и дедовци“, вели Филипче. 

Тој ги повикува сите граѓани да бидат амбасадори на имунизацијата и во што поголем број да се пријавата на сајтот www.vakicnacija.mk и да ги поттикнат и убедат своите сограѓани да го направат истото.  

„Разговарајте со вашите пријатели и блиски или со оние кои се уште се двоумат дали да се вакцинираат и пренесете има ја пораката зошто е важно секој да се вакцинира. Бидете амбасадори на имунизацијата која значи враќање на безбедноста и слободата. Да си помогнеме себеси и на другите, да се вакцинираме и да се заштитиме“, порачува во видео обраќањето министерот Филипче

https://fb.watch/5Ex2GbycHd/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk