logo
logo
logo

Филипче: Се помалку млади лекари сакаат да ја напуштат државата

Vecer | 20.06.2021

Филипче: Се помалку млади лекари сакаат да ја напуштат државата

Претходно младите специјализанти не добиваа ниту денар, а сега добиваат 30.000 денари месечно а ќе добијат и надоместок за дежурство - рече потпретседателот на СДСМ.

– Ги зголемивме платите на лекарите специјалисти, сега тие се дуплирани, а некаде се зголемени и за повеќе од 100 отсто. Се помалку млади лекари сакаат да ја напуштат државата, затоа што претходно младите специјализанти не добиваа ниту денар, а сега добиваат 30.000 денари месечно а ќе добијат и надоместок за дежурство – изјави потпретседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

Според него, во Гостивар се реновираше хируршкото одделение, се реновира операционите сали, се набави нов апарат за рентген, а за нецели два месеци за првпат во историјата, тамошната болница ќе добие апарат за магнетна резонанца.

Филипче истакна дека СДСМ и во иднина останува со граѓаните, го слуша нивниот глас за заеднички да ги креира решенијата и тоа повторно ќе донесе резултат и за општините и за државата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на најголемата здравствена и економска криза, што го зафати светот лажеше, креираше лажни вести, се закануваше, а нивните закани се резултат на страв и несигурност, истакна потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар

– Додека ние не спиевме за да ја менаџираме кризата, тие се будеа со идејата како политички да профитираат нагласи Филипче, потсетувајќи дека лажеа за состојбата во Дебар, дека нема тестови, дека нема лекови, дека нема доволно болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши, и последното се впуштија во ширење на лажна вест дека вакцините немаат никаков ефект, како поигрување со здравјето на граѓаните – вели Филипче.

Тој додва дека слушаме ќе се ребрендирале, ќе биле партија за сите граѓани, не може да се партија за сите граѓани, кога се синоним за поделби, ги делат лекарите на наши и ваши, ги делат граѓаните на патриоти и предавници, рече Филипче, додавајќи дека волкот го менува влакното, ама не го менува карактерот.

– Изборот е јасен, на една страна ние транспарентно и одговорно работиме, го слушаме гласот на граѓаните и знаеме да ретерираме и одлуките да ги смениме, така се владее државнички и одговорно на другата се ВМРО-ДПМНЕ партија која промовира насилство и штити криминал, таква партија нема иднина – порача потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk