logo
logo
logo

Филипче: По укажувањата го сменивме каналот за набавка на кинеските вакцини

Vecer | 10.03.2021

Филипче: По укажувањата го сменивме каналот за набавка на кинеските вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги демантираше тврдењата на италијанскиот весник „Ла верита“ за набавката на кинеските вакцини.

Според него, имало обид набавката на вакцините да се изврши преку приватни фирми, но, се покажало дека тоа не е правилниот пат, по што крајната одлука била да се набават преку кинеската амбасада и кинеското МНР.

„Апсолутно демантирам дека тоа е скандал или било што друго. Мислам дека е сериозен доказ дека се обидуваме апсолутно по сите канали да стигнеме до вакцините. Во однос на конкретниот случај после добиените дозволи од кинеското Министерство за здравство укажаа од кинеското Министерство за надворешни работи дека треба да се следи друг канал за набавка и тоа го послушавме и го направивме и затоа сега на некој начин се одолговлече тој процес, затоа се врати уплатата“, изјави Филипче за Канал 5 телевизија.

Заев по објавата на „Ла Верита“: Баравме вакцини, но законски

„Ла верита“ денеска, во текст со наслов „„Битка помеѓу Кина и Русија за Балканот“, објавува дека причината за враќање на авансот од Македонија даден за вакцините од кинескиот производител „Синофарм“ е тоа што, како што вели весникот, „зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, а која била наведена во две писма од министерот за здравство Венко Филипче до 'Синофарм'“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk