logo
logo
logo

Филипче: Останувам посветен на битката со пандемијата

Vecer | 17.05.2021

Филипче: Останувам посветен на битката со пандемијата

Искрено му благодарам на претседателот Зоран Заев и членството на СДСМ за дадената доверба да бидам потпретседател на партијата. Мотивиран од огромна и искрена желба за напредок на нашата држава, како потпретседател ќе се залагам СДСМ да донесе многу позитивни промени во општеството, а секој граѓанин да го почувствува тоа, напиша на Фејсбук по изборот, министерот за здравство Венко Филипче, новоизбраниот потпретседател на партијата.

„Денешната поддршка што ја добив од моите сопартијци освен што ми даде голема енергија исто така е и огромна одговорност. Како дел од највисокиот одлучувачки орган на партијата секогаш ќе бидам на страната на граѓаните и ќе се залагам за унапредување на сите сфери од живеењето. За крај, и понатаму останувам целосно посветен на функцијата министер за здравство и битката со пандемијата, вели Филипче.

Освен него како потпретседатели избрани се вицепремиерот Фатмир Битиќи, а реизбрани се министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за образование Мила Царовска кои и досега ја извршуваа оваа функција.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk