logo
logo
logo

Филипче: Наскоро ќе пристигнат кинеските вакцини, дневно ќе се вакцинираат до 2.500 граѓани

Vecer | 06.02.2021

Филипче: Наскоро ќе пристигнат кинеските вакцини, дневно ќе се вакцинираат до 2.500 граѓани


Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека наскоро во земјава ќе стигнат 200 илјади вакцини од Кина, со што ќе се обезбеди вакацинација на 100 илјади граѓани.

Филипче рече дека веќе е изготвен план, за транспортот, чувањето и отпочнувањето на вакацинацијата, нагласувајќи дека здрватвснеиот систем има капацитети да ја отпочне првата фаза. Според него откако ќе отпочне вакцинацијата на дневна основа ќе се вакцинираат од 2.000 до 2.500 граѓани. Закажувањето за вакцинацирање ќе се спроведува преку системот „Мој термин“, а имунизацијата ќе се врши на вакцинални пунктови. Здравствените работници ќе се вакцинираат на пункт во поликлиниката во Букурешт.

Според приоритетниот план за вакцина први ќе бидат здравствените работници , кои работат со Ковид – пациенти во клиники и домови за стари лица , во установи со лица со посебни потреби, како и матични лекари.

Втората група ги опфаќа лицата кои се на возраст од 70 години, а во третата останати здравствени работници, стоматолози, фарамцевти , лица изложени на ризик , новинари.

„Секој граѓанин што ќе прими вакцина, ќе добие здравствен картон, а веднаш по првата доза, ќе следи и втората после 20 дена“, рече Филипче.

Министерот рече дека вакцината е безбедна и сертифицирана, лесно се аплицира и се чува на температура од 2 до 8 степени. Кога ќе отпочне вакцинацијата пунктовите ќе работат во две смени, при што на 10 минути ќе се вакцинира по еден граѓанин.

Тој додаде дека се очекува наскоро да пристигнат и вакцините од Фајзер, со што ќе бидат опфатени и останатите граѓани и ќе нема застој во процеот кога ќе отпочне.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk