logo
logo
logo

Филипче најави два механизми на вакцинација, а вакцините уште не стигнале

Vecer | 12.02.2021

Филипче најави два механизми на вакцинација, а вакцините уште не стигнале

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, се осврна на начините за регистрација за вакцинирање и појасни дека има два механизми за вакцинација.

„Првиот механизам е преку матичниот лекар кој ја испитува волјата. Вториот е сајтот кој со внесување на матичниот број на граѓанинот го наоѓа неговото електронско досие во системот Мој Термин според алгоритмот на возраст, хронични болести итн. Ја дава приоритизацијата на граѓаните за вакцинација и ги известува матичните лекари за да го известат граѓанинот. Близу 70% од здравствените работници изразиле интерес за вакцинација и тие ќе бидат први за вакцинација. Понатаму лицата над 70 години. Со мечирање на хроничните болести се прави список за известување кон матичните лекари, понатаму матичните лекари треба да ги известат своите пациенти и да ги прашаат дали сакаат да се вакцинираат и тој податок да се внесе во Мој Термин. Имав средба со претседателката на матичните лекари која укажа дека има матични лекари кои имаат многу прикрепени пациенти, но и такви кои имаат помалку. Сепак искажа подготвеност да им укаже на колегите дека нивната улога во процесот е многу важна“, потенцираше Филипче.

Тој констатираше дека матичните лекари во еден дел имаат и административна работа.

„Тоа беше причина зошто уште на почеток, пред кризата се зголеми капитациониот бод, што е сериозно финансиско зголемување. Почнавме и една реформа која, за жал, запре заради ковид кризата, а со цел матичните лекари да можат да дадат екстра услуги. Целта беше да се вработи евентуално уште еден административен работник, за да матичните лекари целосно и многу повеќе се посветат на своите пациенти“, рече Филипче.

На прашањето зошто матичните лакари се вклучени во системот, Филипче рече дека сепак во крајниот повик, треба да се направи разговор со мини анамнеза за моменталната здравствена состојба на пациентот, а тоа мора да биде од страна на матичниот лекар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk