logo
logo
logo

Филипче на средба со поглаварите на МПЦ-ОА и ИВЗ: Се зборувало за претстојните празници

Vecer | 19.04.2021

Филипче на средба со поглаварите на МПЦ-ОА и ИВЗ: Се зборувало за претстојните празници

Министерот за здравство Венко Филипче и поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, денеска разговарале за актуелната состојба со Ковид-19 во земјава и за можните ризици од групирање за време на претстојните верски празници.

Филипче на Фејсбук објави дека на средбата се согласите оти сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и се договориле да ја интензивираат комуникацијата во следниот период.

-На средбата разговаравме за актуелната состојба со коронавирусот при што им укажав на ризиците кои ги носи групирањето на верниците во затворени простории за време на претстојните верски празници. Се согласивме дека сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и договоривме интензивна комуникација во следниот период, наведува Филипче.

Денес се сретнав со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и...

Posted by Венко Филипче on Monday, April 19, 2021

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk