logo
logo
logo

Филипче: Кога ќе се исцрпи списокот на пријавени, вакцинацијата ќе се врши без закажување

Vecer | 03.06.2021

Филипче: Кога ќе се исцрпи списокот на пријавени, вакцинацијата ќе се врши без закажување


Во следните седум дена треба да стигнат 500.000 дози од кинеската вакцина на „Синовак“, пратка со која министерот за здравство Венко Филипче очекува целосно да се смени сликата за вакцинирањето кај нас. Тој најави дека пунктовите ќе вакцинираат и без закажување на термин.

„Согласно бројот на пријавени граѓани има некаде околу 180.000 што чекаат за вакцинација. Може да се дадат вакцините на ’Фајзер’ и ’Астразенека’, ги чекаме и донациите од Грција и Бугарија. Во следните седум до десет дена сликата целосно ќе се смени. Во еден момент кога ќе се исцрпат сите граѓани од списокот на пријавени, веројатно, пунктовите ќе работат отворено, без закажување. До крајот на месец јуни таа слика целосно ќе се смени“, рече министерот Филипче.

Кога ќе пристигнат останатите 194.000 руски вакцини од нарачаните 200.000, сè уште е неизвесно. Министерот Филипче вели дека е во секојдневна комуникација со амбасадорот на Русија кај нас, Сергеј Баздникин, и верува дека тој е прилично искрен во објаснувањата околу тоа кога може да се очекува следна пратка од вакцината „спутник В“.

„Во мојата комуникација лично со амбасадорот на Русија апсолутно нема никаква промена. Според неговите кажувања, и тој ги очекува информациите. Може да се очекува доцнење,  тој ми пренесе дека количината што се очекуваше на крај на месец мај не се оствари. Јас не верувам дека тука има некаква политика. Практично секојдневно сме во комуникација со амбасадорот, ми дава информации што и како може да се очекува, мислам дека е прилично искрен во тој дел. Со лични контакти и заложби направи за многу пократко време да чекаме од нарачка до стигнување на првата количина. Беше малку, но стигна“, рече министерот Филипче.

Првата пратка од 6.000 дози „спутник В“ во Македонија стигна во март.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk