logo
logo
logo

Филипче ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА следнава недела со Синофарм, да дадел ПРИМЕР

Vecer | 30.04.2021

Филипче ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА следнава недела со Синофарм, да дадел ПРИМЕР

Утрово Македонија ги доби долгоочекуваните кинески вакцини на Синофарм, кои ги чекавме од февруари. Вакцините ги пречека министерот Венко Филипче кој откри и кога ќе се вакцинира.

Тој за Канал 5 одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се вакцинира, изјави дека тоа може да се случи во текот на неделава со вакцинатата што веќе пристигна во голем број, кинеската Синофарм.

-Би сакал да дадам пример и да ги уверам граѓаните дека е вакцината е безбедна. Мислам дека е соодветно тоа да биде со кинеската вакцина, заради тоа што таа сега е во најголема бројка на граѓаните, така да може да го организираме тоа и оваа недела која следи, рече Филипче.

Филипче додаде дека до крајот на месецот мај ќе стигнат уште вакцини од производителот „Фајзер“, како и 500.000 дози што ќе стигнат во мај од вакцините на „Синовак“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk