logo
logo
logo

Филипче и Заев знаат да се забавуваат, ама не и да ја работат нивната работа

Vecer | 13.04.2021

Филипче и Заев знаат да се забавуваат, ама не и да ја работат нивната работа

Секојдневно умираат по неколку десеттина лица, системот не организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се „организирани“ и за викенд се одмараат, поточно аздисуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека само во Македонија се поставува прашањето за вакцини, или каде се вакцините, кога ќе стигнат?

-Во меѓувреме други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението. Само тука, исто така може да се постави прашањето дали има доволно реагенси, дали се прават доволно ПЦР тестови? Прашањето за реагенсите, потоа за тоа дали има доволно термини за ПЦР тестови се поставува, замислете после повеќе од година дена корона во Македонија?! Граѓаните се на почеток молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа, е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат да се забавуваат, ама не и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните! Филипче и Заев веднаш одете си! Филипче и Заев ќе одговарате, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk