logo
logo
logo

Филипче и Заев да кажат КАКО СЕ ДОБИВА ЗЛАТНА ВИЗА ВО ДУБАИ, КОЛКУ МИЛИОНИ ЧИНИ?

Vecer | 16.04.2025

Филипче и Заев да кажат КАКО СЕ ДОБИВА ЗЛАТНА ВИЗА ВО ДУБАИ, КОЛКУ МИЛИОНИ ЧИНИ?

Филипче и Заев да кажат кој е патот до златна виза во Дубаи, додека викаа дека ќе ја спасуваат Македонија тие ги спасувале милионите

Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи. Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи?

Колку милиони чини и на кој начин се стекнати?

Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар на местото претседател на СДС, Венко Филипче.

Дали Венко Филипче поседува виза за Дубаи?

На кој начин ја стекна, имајќи во предвид дека цел живот е на административна плата без ден работен стаж  во приватен бизнис?

Додека велеа  дека ја спасувале Македонија, тие ги спасувале милионите.

СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk