logo
logo
logo

Филипче: Доколку има потреба полицискиот час ќе продолжи и по 20 април

Vecer | 14.04.2021

Филипче: Доколку има потреба полицискиот час ќе продолжи и по 20 април

Иако изминатиот период се забележува намалување на трендот на новозаболени лица од ковид 19, сепак доколку се востанови дека се уште има потреба од тоа, рестриктивните мерки ќе останат на сила и по 20 април, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

– Во зависнот од индикаторите ќе утврдиме дали има потреба, и доколку има секако дека ќе ги продолжиме, истакна ресорниот министер.ж

Во однос на вакцините уште еднаш истакна дека сите се безбедни, проверени.

За себе вели ќе се вакцинира кога ќе пристигне поголема количина и кога ќе му дојде редот, додавајќи дека не сака да не го земе редот на некој што е во поголем ризик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk