logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче НЕ РЕАГИРАЛ, А БИЛ ПРЕДУРПРЕДЕН ЗА ЛОШИОТ КВАЛИТЕТ на модуларните болници“

Vecer | 20.09.2021

„Филипче НЕ РЕАГИРАЛ, А  БИЛ ПРЕДУРПРЕДЕН ЗА ЛОШИОТ КВАЛИТЕТ на модуларните болници“

За време на корона пандемијата, а и за целиот негов мандат Венко Филипче покажа само едно, дека и во криминалот, и во одморите и забавите е со Зоран и Вице Заев. Тие не се грижат за здравјето и животот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Оттаму потенцираат дека Филипче иако бил предупредуван за лошиот квалитет на материјалот од кој се правени модуларните болници, не реагирал ама затоа трчал по брзи пари.

- Неговото трчање по брзи пари чинеше 14 жртви, семејства завиени во црно. 14 лица загинаа во пожарот во модуларната болница во Тетово која изгоре за две минути. Филипче и Заев се заинтересирани само за бизнисот и провизиите, ама не и за тоа дали има соодветни услови за лечење на граѓаните. Па така бројката на починати од корона е скоро 6.500 лица, стои во соопштението.

Тие нагласуваат дека потребна е професионална и независна истрага за тоа што изгоре модуларната болница во Тетово.

-  Тоа е може но само со оставки на Филипче и Заев. Затоа Филипче и Заев мора да заминат од функциите, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk