logo
logo
logo

Фикрет од Пешталево ПИЈАН сакал да гази луѓе на селска слава во Секирци (Видео)

Vecer | 26.05.2023

Фикрет од Пешталево ПИЈАН сакал да гази луѓе на селска слава во Секирци (Видео)

Вчера околу 19 часот во прилепското село Секирци била избегната поголема трагедија откако маж со автомобил се обидел да прегази луѓе.

Како што соопшти МВР, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б. (35) од с. Пешталево. Тој управувајќи го своето патничко возило „поло“ тргнал кон група луѓе кои биле собрани на среде селото, но бидејќи возилото се изгаснало, тоа сопрело, а повредени лица нема.

Ф.Б. се обидел да избега, но бил спречен, а подоцна и приведен во полициска станица.

- По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

Сведоци за прилепскиот портал „Маркукуле“ раскажуваат дека голем број жители на ова и околните долненски села биле собрани на прослава за селската слава за Спасовден, кога од нигде никаде дошол извесен Фикрет од село Пешталево и според кажувањето на мештаните, лудувал со автомобилот, а насобраните луѓе бегале да спасат жива глава.

Меѓу насобраните жители имало и дваесетина дечиња, кои преплашени од разбеснетиот возач бегале и плачеле.

Повеќе видеа на „Маркукуле“

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk