Ферид Мухиќ сепак гласал ЗА дневниот ред, еве колку пратеници има власта до сега

Ферид Мухиќ сепак гласал ЗА дневниот ред на денешната собраниска седница, на која треба да се утврди потребата од уставни измени врз основа на Договорот од Преспа, потврдуваат за Вечер извори од Собранието.

До 71 пратеник не гласал само Зијадин Села, бидејќи во тој момент не се наоѓал во собраниската сала. Со тоа власта има обезбедено 72 пратеници ЗА Преспанскиот договор.

Со тоа, на СДСМ и ДУИ ќе им бидат потребни уште 8 пратеници на опозицијата за да ги истуркаат промените во уставот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари