logo
logo
logo

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТИ УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ

Уапсен е малолетникот кој дивееше врз Српскиот конзулат во Куманово

Vecer | 30.11.2024

Уапсен е малолетникот кој дивееше врз Српскиот конзулат во Куманово

Приведен е 17-годишниот малолетник од Куманово, кој за време на прославата на Денот на Албанија ја откорнал таблата од канцеларијата на Конзултатот на Република Србија лоцирана во Куманово.

„Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Северна Македонија, лоциран во Куманово. Веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово“, информираше Министерството за внатрешни работи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk