ФДМ на средба со Јанева: СЈО да продолжи да работи како независна институција

Членови на Форумот за демократска Македонија, заедница на иселеници, се сретнаа со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во просториите на специјалното јавно обвинителство.

На средбата претставниците на ФДМ, Маја Петрушевска, Маја Панова и Алексеј Демјански ја запознаа обвинетелката Јанева со програмата, целите и мисијата на Форумот. „Како организација што се залага Македонија да биде демократска и правна држава во вистинска смисла на зборот, ФДМ ја потврди целосната поддршка за работата на СЈО“, се вели во соопштението од ФДМ.

Во него се додава дека Јанева се осврнала на предизвиците со кои СЈО се соочува од формирањето до денес. „Претставниците на ФДМ го поздравија придонесот на ова обвинителство на полето на транспарентност и родова еднаквост и изразија поддршка СЈО да продолжи да работи како независна институција. Доколку е потребно, ФДМ е подготвен да ги стави на располагање своите професионални капацитети, искуства и меѓународна мрежа на контакти со правни и антикорупциски експерти од целиот свет“, се вели во соопштението.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари