logo
logo
logo

Заседава Постојаната анкетна комисија за човекови права ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Vecer | 09.12.2025

Заседава Постојаната анкетна комисија за човекови права ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Во Собранието почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на која се разгледува претставка на здружението „16-ти март“ за трагедијата во Пулс во Кочани, во која загинаа 63 луѓе, а над 210 се повредени.

На седницата се присутни подносителите на претставката, родителите и блиски на загинатите, а воведното излагање го почна мајката Марија Петрушова. Таа во име на здружението „16-ти март“ побара вистинска правда за загинатите која како што рече е „важна за сите деца во Македонија“.

За трагедијата, Петрушова кажа дека е резултат на системски пропусти и корупција, по што побара случајот да се разгледува како прекршување на основните човекови права особено правото на животот.

Во говорот наведе дека е симптоматично што се опфатени само поранешни функционери, а не и функционери кои сега и во времето на трагедијата ја извршувале конкретната функција. Петрушова наведе дека смета како со обвинението и со истрагата се опфатени само службеници од пониско ниво.

– Државата драматично потфрли во борбата со корупција, големите остануваат над законот, наведе Марија Петрушова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk