Фазлиу: Граничната област меѓу Македонија и Албанија е една од најсиромашните во Европа

Граничната област меѓу Македонија и Албанија е една од најсиромашните во Европа, истакна министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу за време на средбата со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Двајцата разговараа за можностите за користење на средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка, со посебен акцент на Програмата помеѓу Македонија и Албанија за која во во тек е поднесување предлог-проекти од вториот јавен повик.

На средбата, министерот Фазлиу истакна дека ова е добра можност општините и другите субјекти да аплицираат со квалитетни предлог-проекти кои ќе придонесат за подобрување на животот на граѓаните од двете страни на границата. Во овој контекст Фазлиу рече дека граничната област меѓу Македонија и Албанија е една од најсиромашните области во Европа.

„Очекувам можноста преку ИПА инструментот да се искористи на најдобар можен начин и да се направат позитивни промени. Вториот повик, ни дава на располагање 2 милиони евра и 890 илјади евра, за нови проекти“, истакна Фазлиу.

Тој ја изрази својата подготвеност да и помогне на општина Гостивар за решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите, посебно за проектот “Русино” а и за други проекти кои се сметаат за приоритети за општината.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го запозна министерот со приоритетите на општината, старите обврски како и напорите за реализација на предвидените проекти. Тој, исто така, ја изрази подготвеноста за продлабочување на меѓусебната комуникација со Министерството за локална самоуправа и искористувањето на можностите за проекти кои се реализират со финансиска помош од ЕУ.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари