logo
logo
logo

Фатен штипскиот РАЗБОЈНИК кој напаѓаше и ограбуваше жени

Vecer | 21.09.2021

Фатен штипскиот РАЗБОЈНИК кој напаѓаше и ограбуваше жени

Штипските полицајци го фатија разбојникот кој на дрзок начин им го крадеше златниот накит на повозрасни жени низ улиците во Штип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението наведува дека од слобода е лишен 18 годишниот Е.А, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ и кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на 16.09.2021 на подрачјето на Штип, каде со употреба на физичка сила од две возрасни жени одзел златeн накит.

Од извршениот преглед кај Е.А. биле пронајдени и одземени парични средства со кои се стекнал од продажбата на украдените златни предмети. Информиран  е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на службениот материјал против него ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk