Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти доаѓал од безбедна земја, според нивните критериуми.

Европратеничката Саргентини го напиша извештајот за состојбите во Унгарија годинава и остро го критикува премиерот Виктор Орбан, меѓу другото, и за нападите кон мигрантите и бегалците.

Европратеничката на Твитер“ напиша: „Следното прашање е: дали унгарските власти ќе се придржуваат до своите правила и ќе го испратат Груевски да аплицра за азил од прифатниот центар или ќе го отфрлат неговото барање бидејќи избегал – според нив – од безбедна земја? Или ништо ова од погоре? Останете со нас!“

Европратеничката потсети како се однесувале унгарските власти кога барања за азил поднесувале други луѓе што не се во прифатен центар.

„Јас еднаш ги прашав унгарските власти дали може да побараме азил надвор од прифатните центри на српската граница. Одговорот беше ‘не’. Ќе го затворат Груевски или постои можност за ВИП-азил во Будимпешта?“, праша европратеничката. На ова нејзино прашање делумно одговори министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијатро, на прес-конференција. „Не сакам да потврдам или да негирам информации во врска со неговото место на живеење, ние не можеме да коментираме за тековните апликации за азил“, кусо објасни министерот Сијатро.

Реакцијата на европратеничката Саргентини беше неколку часа по објавата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски на „Фејсбук“ дека имал закани за животот, дека е во Будимпешта и бара политички азил. Вчера попладне Министерството за внатрешни работи на Македонија распиша меѓународна потерница за Никола Груевски, кој се бара за издржување затворска казна од две години за незаконската набавка на луксузниот „мерцедес“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари