logo
logo
logo

Европа чека на нас: ОХРИД ТРИ МЕСЕЦИ НЕМА ПЕДИЈАТАР!

Vecer | 21.01.2022

Европа чека на нас: ОХРИД ТРИ МЕСЕЦИ НЕМА ПЕДИЈАТАР!

Цели три месеци е затворен одделот за детски болести во охридската општа болница. Хоспитализации нема, се вршат само амбулантски прегледи со работно време од 8 до 20 часот-а за викенди и останатото време болните дечиња се упатуваат во струшката општа болница.

Таму ситуацијата е неиздржлива,а теретот огромен велат струшките педијатери, дневно се вршат повеќе од 130 прегледи,а 60% од болните дечиња се заразени со ковид. Сликата е очајна, редици родители и изнемоштени болни дечиња со висока температура чекаат се’ до излезната врата на болницата-исцрпени раскажуваат лекарите.

И нажалост не гледам дека ќе има решение на ситуацијава во Охрид воопшто не работи детско само прва смена и потоа вратите се затворени, све иде кај нас.Јас веќе се осеќам стварно уморен, дежурствата се посебно тешки, викендите не се издржува по 60- 70 пациенти на смена тоа е страшно, хаос – изјави д-р Влатко Мицкоски – педијатар.

Слободни кревети за лежечки пациенти,нема. Се хоспитализирале само најтешките случаи,бидејќи капак на се’ сега се реноворало детското одделение кое и така има ограничен капацитети со само 18 кревети.Еднен легни, друг стани-потребата терапија децата ја промале во дневната болница каде има 12 кревети.

Во меѓувреме нема ништо од најавата на здравствените власти дека проблемот со детското одделение во Охрид ќе се реши набрзо,иако уверуваа дека ќе обезбеделе уште двајца педијатри а дополнитечно ќе ротирале доктори од Скопје се додека не се најдело трајно решение.

Овде мислам дека е погрешно водена политика во послените 15 години најмалку затоа што на некој начин не е водено сметка,кои луѓе кога ќе одат во пензија и колку треба да се пуштат на специјализација.Сега моментално колку што имам јас информации една колешка е пуштена на специјализација и утре да се врати колешката не е решение за Охрид – изјави д-р Влатко Мицкоски – педијатар.

Докторите велат дека за минимално функционирање на 24 часовна служба се потребни најмалку 5 педијатри, бидејќи годишно се вршат над 3000 прегледи.Во Охрид педијатри нема,но проблемот е во тоа што недостигаат педијатри и во Кичево,Битола и Струга каде за болните дечиња од целиот регион се грижат 6 педијатри од кои 4-ца се пред пензија.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk