Напорите на претседателството на ЕУ за надминување на моменталната состојба, посочи Гир, направија значителна работа и сега, нагласи тој, треба сите да останеме ангажирани.

Основите не се променети, заложбите од Солун се јасни и живи. Регионот на Западен Балкан е дел од Европа, неговото минато, сегашност и иднина се поврзани со ЕУ и логично е дека неговата иднина е во ЕУ. Да не забораваме, тоа е стратешка цел и на ЕУ, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, на првиот Скопски економски форум.

– Сите сакаме да го видиме отворањето на преговорите што е можно побрзо, но мора да останеме со чисти глави. Основите не се променети, заложбите од Солун се јасни и живи. Регионот на Западен Балкан е дел од Европа, неговото минато, сегашност и иднина се поврзани со ЕУ и логично е дека неговата иднина е во ЕУ. Да не забораваме, тоа е стратешка цел и на ЕУ, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, на првиот Скопски економски форум.

– Бидејќи секогаш повикуваме владите да ги решат проблемите билатерално, треба да ги признаеме и искрените напори, што беа напревни во изминатиот период. Напредок е направен, но работата мора да продолжи, што е можно побрзо и задачата сега ќе премине на словенечкото претседателство за придвижување и решавање на ова прашања, со цел да се отворат преговорите, што е можно побрзо, изјави Гир.

Ова, нагласи Гир, не треба да влијае на реформите, бидејќи патот кон ЕУ е пат на реформи и со нивното спроведување прво – Македонија дополнително се приближиува до ЕУ и второ – со самото отворање на преговорите секоја преземена реформа го прави патот кон целосно членство пократок.

– Реформите не се само во интерес на ЕУ, туку во интерес на граѓаните, за посигурна, просперитетна и демократска земја, како и за спречување на одливот на млади мозоци. Ниту една земја не може да си дозволи да не продолжи со реформите во овој свет, каде имаме зелена револуција и работните места треба да бидат прилагодени на моменталните потреби, каде треба да искористиме повеќе од дигиталните можности и да ги интегрираме економиите во економијата на ЕУ, посочи Гир.

Македонија, продолжи евроамбасадорот, направи значителен напредок во реформите како владеење на правото, борбата против корупцијата, демократијата и добрите меѓусоседски односи.

– Европската унија е тука и Ве поканувам да посетите било кој град или село во земјата и ќе ја видите поддршката за ЕУ, речиси во секој сектор. Ние сме тука и ќе продолжиме да даваме поддршка. Повеќе од 100 милиони евра помош се трошат годишно за поддршка на реформските процеси во Македонија. Кога ЕУ правеше план за заздравување од пандемијата, го вклучи и Западниот Балкан, ставајќи на маса економски и инвестициски план за заздравување на регионот, изјави Гир.