logo
logo
logo

ЕВН влегува НАСИЛНО ПО КУЌИ да менува броила, кога станарите не се дома

Vecer | 17.04.2021

ЕВН влегува НАСИЛНО ПО КУЌИ да менува броила, кога станарите не се дома

Хроничен проблем и постојана штета на десетици иљади семејства и стотици фирми, дуќани, ресторани... создава ЕВН кога по своја проценка, за нивни оперативни и фианснсики потреби, исклучува цели реони оставајќи ги луѓето и вработените без струја и создавајќи им штети на имотот и бизнисот за кој не им надоместува ништо.

ЕВН е приватна компанија. Ниту една приватна компанија ја нема таа привилегија кога ќе и загтреба да си ја врши својата работа, без оглед на штетата која им ја прави на другите, а штетата да не им ја плати. ЕВН е богата компанија и лесно наоѓа заеднички интерес со властите оваа привилегија да ја задржи и понатаму.

Сега ЕВН оди чекор понатаму. Кога ќе им затреба, ви влегуваат дома кога нема никој, и си ја вршат својата работа, што е кривично дело на неовластено нарушување на туѓ имот и посед, а многу веројатно и направена штета во туѓиот имот. Не само законите, и Уставот на Македонија ја штити недопирливоста на имотот. Во куќа ни полиција не ви влегува без соодветен налог, односно ваша дозвола или присуство.

Наш читател (неговите податиоци се познати на редакцијата) ни достави информација дека вработени во ЕВН влегле во неговиот дом кога немало никој на 13 април, користејќи влез од кај комшијата, и замениле струјомер!

Никој нема да им дозволи влез, никој нема да види која е состојбата на стариот струјомер, и никој не им потпишал дека примил на користење и одговорност нов струјомер од ЕВН. Дошле, провалиле во туѓ дом, си ја вршеле својата работа и си заминае оставајќи му документ од новиот струјомер пред врата на сопственикот на домот.

Сопственикот на домот во кој е извршен неовластен влез од страна на ЕВН им се обратил со мејл:

На 13-04-2021 сте изврсиле промена на броило.

1. Сте влегле преку ограда од кај комшијата во заклучен двор што се рачуна за провала. Јас пријавив во полиција дека ми е влегувано дома.

2. Сте замениле уред без мое присуство кога нема никој дома. Дали вие мислите дека сте светци и дека на вас треба да ви се верува на "жими мајка". Јас сега треба да ви верувам без верификација за состојбата на старото броило?

3. Сум ви оставал број на тел. за вакви случаи не знам колку пати за да бидам повикан во ваков случај и кој ви го давам повторно.

4. Ова не е прв ваков инцидент и со насилничко однесување сум се жалел и порано и очигледно дека нема ефект.

5. Ке размислам добро дали да ве тужам одма. Ова е последен пат да се случи вакво нешто ке се погрижам да не можете векје да влегувате од кај комшијата, а ако влезете повторно кога не сум дома без да ме известите векје нема да се жалам туку ке ве тужам одма.

По старото македонско правило за кубурата, оштетениот не ги тужи веднаш, што секој граѓанин во Европа би го направил, и би барал надомест за штета. На овој допис ЕВН не дава одговор, туку само општа информација:

Ви благодариме на обраќањето.

Во согласност со Законот за енергeтика и со одредбите од Мрежните правила, набавка, вградување, одредување на местоположба и замена на мерната опрема се врши од страна ОДС (Оператор на дистрибутивниот систем).

Во конкретниот случај по изготвен налог за промена на мерен уред поради негова верификација, екипа при надлежен КЕЦ (Корисничко Енерго Центар) на ден 13​​​​.04 2021год., за објект на ул... во Скопје, врши промена на мерниот уред поткрепено со соодветна документација.

Согласно законските и подзаконските акти корисникот може да присуствува при отчитувањето на регистрираната потрошена електрична енергија, но не е обврзувачки да присуствува при контролата или промената на мерните инструменти, да добие примерок од записници, налози и сл.

Накусо, ЕВН е над законите и над државата. Може и на спиење дома да ве фати, да станете и да видите дека ви вадат струјомер сред ноќ, тоа ќе биде согласно правилата на ЕВН. ЕВН ја купи дистрибуцијата и наплатата низ една сомнителна и насилна постапка во време на власта на СДСМ 2002-2006 година, кога беа за еден ден отуштени 1.000 вработени од тогашното дражавно претпријатие ЕСМ за да може ЕВН потоа профитно да работи.

Во следниот мандат на СДСМ, сега, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов им ја продаде градската куќа на ЕВН. Градбата чинеше 20 милиони евра, а Шилегов ја продаде за 12,5 милиони евра.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk