Еве што пишуваат регионалните медиуми за протестите во Македонија

До самитот на лидерите на земјите на НАТО во јули остана помалку од еден месец, а прашањето кое се поставува откако Атина и Скопје го потпишаа „историскиот" договор за името е: дали Македонија ќе добие покана за прием во воениот сојуз. Истовремено Македонците со денови се собираат пред Собранието и протестираат против договорот меѓу Македонија и Грција за промена на името во Република Северна Македонија, пишува српскиот „Информер".

„Македонците на улица на бранат Македонија од Заев: НАТО е решено да ја „проголта" Македонија и без референдум и име ако треба", е насловот на тексото во кој со повеќе соговорници познавачи на состојбите во регионот се анализира состојбата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари