logo
logo
logo

“Еве како Филипче ги градел модуларните болници“

Vecer | 15.09.2021

“Еве како Филипче ги градел модуларните болници“

Антонио Милошоски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ објави документи кои покажуваат дека во модуларните болници биле вградени материјали кои не се огноотпорни.

- Со набавката направена од М.Здравство се бара монтажните болници - контејнери да бидат составени од ѕидни (PUR) панели кои се најслабо огноотпорни.

Никаде не се бара да се достави атест од произведувач на било кој материјал што е вграден во модуларните.

Нема никаде дека обврзувачко е во самите објекти да има и планови за евакуација. Покрај тоа што не се бара елаборат (проект) за против-пожарна заштита, исто така не се бара да бидат запазени минималните барања за ПП заштита за вакви болници.

Овие објекти спрема правилникот за заштита пожари и експлозии спаѓаат во група на објекти од категорија "Г" и за нив важи дека истите објекти мора да имаат огноотпорност од минимум 2 часа. Во реалноста, болницата во Тетово изгоре за 2 минути.

Оттука, зошто во набавката се барале леснозапаливи PUR панели? Зошто не се барало атест за квалитет, зошто немало противпожарна заштита, и зошто она што требало во најлош случај да издржи 2 часа, изгоре за 2 минути?

Сето ова ја надминува моралната одговорност. Потребна е објективна истрага, ослободена од Заев, Филипче и Хасани. Затоа оставки, пишува Милошоски.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk