logo
logo
logo

Еве го предлогот на Шидер за решавање на спорот со Бугарија

Vecer | 14.04.2021

Еве го предлогот на Шидер за решавање на спорот со Бугарија

Бугарија и Македонија наместо кон минатото да се свртат кон иднината, а историските прашања да се остават на историчарите – ова е во главните пораки од европратениците Андреас Шидер и Илхан Ќучук на денешниот он-лајн брифинг со новинарите.

Двајцата изразија надеж дека ќе продолжи дијалогот меѓу двете држави, а Шидер отиде и чекор подалеку со тоа што предложи за надминување на историските спорови меѓу Скопје и Софија да се вклучат надворешни историчари.

-Имам една сугестија исто така, доколку заедничката комисија од договорот за добрососедство не функционира или доколку нејзината работа остане заглавена поради политичките процеси, можеби треба да пронајдеме двајца или тројца европски еминентни историчари кои ќе ја водат вистинската историска дебата без било какво внатрешни политички мешања во областа- Андреас Шидер – Европратеник.

За Шидер блокадата од официјална Софија за почеток на Македонија со Унијата е неприфатлива. Тој нагласи дека политичарите најчесто ги користат историските и идентитетските прашања за да ги прикријат слабостите за поважните прашања во своите држави. Ќучук пак ја повтори пораката дека наместо да се градат ѕидови меѓу двете земји, фокусот треба да се стави на соработката и позитивните случувања меѓу двете држави. Според него, секое одложување на преговорите за Македонија го доведува во прашање кредибилитетот на Унијата.

-Убеден сум дека секое понатамошното одложување ќе ја доведе во прашање кредибилноста, објективноста и доверливоста во процесот на проширување. И повторно, не ни требаат повеќе ѕидови, туку мостови и повторно, треба да му дадаме иднина на целиот регион, а за тоа не ни треба националистичка реторика која доаѓа од двете страни. Треба да се смириме, да седнеме и да разговараме врз основа на акциски план за тоа кои се потребните реформи, но и отворените прашања меѓу двете држави,- Илхан Ќучук – Европратеник.

Двајцата европратеници се согласија дека понатамошното одложување на евроинтегративниот процес на земјава е контрапродуктивно и дека двете држави треба да се вклучат во билатералниот дијалог со добра волја за да се дефинира конкретен патоказ за подобрување на состојбите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk