Општина Аеродром организира пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот Нирнберг во Ново Лисиче и можност за групно следење на натпреварите од ЕУРО 2020. Првиот пренос ќе биде утре, 13 јуни (недела), од 17:00 часот, кога македонската репрезентација ќе игра против Австрија во Букурешт.

– Натпреварите ќе бидат пренесувани на голем екран, а еден час пред настапите на нашите репрезентативци ќе има организирана програма со водител и гости, соопштија денеска од Општина Аеродром.

Инаку, преносот на натпреварите ќе се организира секоја вечер од сите натпревари, односно сè додека трае учеството на нашата репрезентација.

Овој настан, се подвлекува во соопштението, се организира во согласност со сите протоколи.