logo
logo
logo

ЕУ му порача на Заев: ПРВО РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА ПА ДАТУМ

Vecer | 10.05.2021

ЕУ му порача на Заев: ПРВО РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА ПА ДАТУМ

На премиерот Зоран Заев при неговата посета во Брисел му беше порачано дека без решен спор со Бугарија, нема датум за преговори. Тоа му го кажала лично претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Портпаролот на ЕК, Ерик Мамер истакна дека Фон дер Лајен ја потврдила својата поддршка за започнување разговори со Македонија, но истите не може да започнат без согласност на Бугарија.

Европската комисија изразила желба да ги поддржи економските и инфраструктурни проекти во Македонија, како што е изградба на железничка линија, гасовод и проекти поврзани со зелена енергија.

Заев повторил и на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен дека Македонија нема намера да започне преговори за македонскиот идентитет и јазик. Сепак, пишуваат од BGNES.bg, овие два услови не се појавуваат меѓу барањата на Софија, од каде секогаш и на сите нивоа се изјавувало дека нема никакви претензии кон македонскиот идентитет и јазик.

Во врска со можноста за поделба на Албанија и Северна Македонија на патот кон европската интеграција, портпаролката за проширување Ана Писонеро објаснила дека Оливер Вархеји сака да се одржат меѓувладини конференции со двете земји, но со оглед на фактот дека конечната одлука треба да ја донесат државите членки, ЕК нема никакво влијание врз овој процес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk