Јас едно ќе кажам, Европа е кабаетлија и ни должи. Ни должи многу. Европа е и Бугарија и Грција и сите други членки, изјави премиерот Зоран Заев посочувајќи дека вината што Македонија чека 16 години пред вратите на ЕУ треба да се бара кај унијата.

Заев бара и поддршка од Бугарија и порача дека секогаш се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат, но потенцира дека ова е билатерален проблем и така треба да се решава.

Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека претседателот на Италија, Серџо Матарела е целосно солидарен со нивниот став за пристапување на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија. Тој вели дека сакаат да ги видат овие земји на европскиот пат, но мора да ги исполнуваат критериумите.