Во личните карти ќе има етничка графа, откако бил постигнат договор, соопшти Кастриот Реџепи од БЕСА кој додаде дека допрва треба да се направи техничката подготовка и да се стави на дневен ред Предлог-законот во надлежната Комисија.

Предлогот-законот на Движењето БЕСА за додавање етничка графа во личните карти се очекува да биде вклучен во агендата на Комисијата за политички систем до петок.

Пратеникот Кастриот Реџепи вели дека со надлежните институции се дефинираат техничките детали за имплементација на законот, а се очекува тој да биде разгледан во матичната комисија во најбрз можен рок.

„Позициите се усогласени, треба да ја направиме техничката подготовка во врска со седницата и ставањето на оваа точка на дневниот ред во Комисијата. После тоа, се враќа на пленарна седница за одобрување, бидејќи е по скратена постапка, само еднаш ќе се разгледува во Комисијата доколку има измени и дополнувања, а потоа ќе оди на одобрување на пленарна седница.“, рече Кастриот Реџепи- Движење Беса, објави Алсат М.

Ист став има и СДСМ. Даваат поддршка за предлог-законот. Предлогот на БЕСА го поддржаа и другите албански партии, а против  се само ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Извор: Алсат М