logo
logo
logo

ЕСМ И АДОРА СЕ ДОГОВОРИЈА: Закуп на топланите за ЦЕЛА ГРЕЈНА СЕЗОНА

Vecer | 04.10.2022

ЕСМ И АДОРА СЕ ДОГОВОРИЈА: Закуп на топланите за ЦЕЛА ГРЕЈНА СЕЗОНА

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје. Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23г. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од РКЕ.

Двете компании покажаат општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период.

Менаџментот на Адора инженеринг доби цврсти гаранции од ЕСМ АД дека во најбрз можен рок, според сите домашни законски прописи ќе почне постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе и бидат исплатени долговите настанати во изминатата година по основ на закуп и амортизација на топланите, стои во соопштението.

Адора Инженеринг во интерес на граѓаните склучи краткорочен договор за закуп на топланите Исток и Запад со ЕСМ АД, кој важи од денеска до 30 април 2023 година, кој е на штета на компанијата од 550.000 евра на годишно ниво, додаваат тие.

Адора Инженеринг со фактот што ги прифати условите за закупнина од страна на ЕСМ АД дава огромен придонес, односно изврши еден вид субвенционирање на топлинската енергија за ублажување на енергетската криза во земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk