Синдикатот на АД ЕСМ (Електрани на Северна Македонија) донираше прехрамбени производи за вработените во ковид-центрите во неколку градови во државата.

Како што информираат од компанијата, 600 пакети млечни производи биле доставени до медицинскиот персонал во ковид-центрите во Битола, Струга, Кичево, Гостивар и во Кавадарци.

„Ова претставува помош и поддршка за вработените и нивните семејства во текот на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, кои голем број медицински лица и технички персонал ги поминаа на работните места во ковид-центрите грижејќи се за тешко болните пациенти“, се наведува во соопштението од ЕСМ.

Синдикалната организација на АД ЕСМ неколкупати досега обезбедила донации за ковид-центрите низ државата, согласно локалните потреби, додека за ковид-центрите во Битола и во Кичево дала наменска донација за обезбедување систем за довод на кислород во болничките простории.

makfax.com.mk