logo
logo
logo

Ердоган неколку месеци живеел во Македонија

Vecer | 06.06.2023

Ердоган неколку месеци живеел во Македонија

Интересен детаљ за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е тоа што одреден период живеел во Тетово, Македонија, јави еуроњуз Албанија.

Поранешниот конзул на Албанија во Истанбул, Ермал Калеци изјавил дека Ердоган живеел во Тетово неколку месеци во 1999 година.

– Тој по излегувањето од затвор се засолни кај албанско семејство во Тетово. Ова е откако во 1998 година тој беше осуден за поттикнување верска омраза затоа што рецитирал песна во која ги споредува џамиите со касарните и верниците со војската, тврди Калеци.

За овој настан Ердоган бил осуден на 10 месеци затвор, од кои одлежал само четири месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk