logo
logo
logo

ЕПП ја поздравува победата на ВМРО ДПМНЕ, Секретарот Волер со поддршка за Муцунски

Vecer | 19.10.2021

ЕПП ја поздравува победата на ВМРО ДПМНЕ, Секретарот Волер со поддршка за Муцунски

Преку социјалните мрежи меѓународниот секретар на Европската народна партија (EPP) Патрик Волер,  ја поздрави победата на ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг на локалните избори.

Тој испраќа силна поддршка за Тимчо Муцунски, кој оствари една од најголемите победи на цела територија на Република Македонија, победувајќи убедливо во општина Аеродром.

„Големи честитки за Тимчо за овој неверојатен резултат во Скопје и за целиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за огромниот успех во овој круг од изборите. Нека се множат“ – напиша Волер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk